Фетаи: „Рекет“ го води друго обвинителство, СЈО продолжува со својата работа

by Фокус

Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот „Рекет“.

– Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам –  нагласи Фетаи.

Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.

– Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа – потенцира Фетаи.

Поврзани новости