Фетаи: Примивме по 22.000 евра годишно, исто колку и патните трошоци на некои пратеници

by Fokus

Со одлука од страна специјалниот јавен обвинител се определуваше висината на надоместоците, а тој износ се менуваше, не беше секоја година ист, отприлика секој обвинител примил по околу 22.000 евра годишно, што не е многу далеку од патните трошоци на некои пратеници, изјави обвинителката Фетиме Фетаи денеска пред влезот на Кривичниот суд каде што треба да постапува на судењето за „Монструм“.

– Сумите се приближни со тие на специјалните обвинители во регионот, со таа разлика што тие немаат задача да гонат актуелни функционери врз основа на дата база на прислушкувани разговори – нагласи Фетаи. Платата на обвинителите во СЈО изнесуваше 1.300 евра што беше за 300 евра повисока од платата на другите обвинители,објасни Фетаи.

Таа дополни дека за овие  надоместоци се зборувало уште од самите почетоци на СЈО,  и тоа за многу повисоки од оние што реално ги примиле, а според неа самиот профил на лицата кои што ги има во разговорите и големата опасност од компромитирање и на тие лица меѓутоа и на содржината на разговорите, укажувало на тоа дека доверливоста е основен елемент за успешно извршување на функцијата во СЈО.

– За обезбедување на доверливоста, односно заради почитување на принципот на тајност и обезбедување на посебна заштита на приватноста на граѓаните на РСМ и на други лица беа склучени договори помеѓу специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители и другите лица вработени во СЈО. И основот за тоа е во самиот Закон за СЈО – објасни таа.

 

Поврзани новости