Изјавата на Зоран Верушевски во сведочењето пред судот за „Таргет – Тврдина“ за модифицирање и компромитирање на „бомбите“, нема да влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а ги презеде и сега ги застапува редовното обвинителство, оцени денеска обвинителката Фатиме Фетаи.
– Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Според мене, изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив. Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: „сечени, лепени, монтирани“, што ја кажуваа во медиумите, рече Фетаи пред денешното рочиште за „Насилство во Центар“ во Кривичниот суд.
Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во сведочењето за „Таргет-Тврдина“ во понеделникот рече дека документацијата рече дека доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.
Тој треба да го продолжи својот исказ пред судот на следното рочиште закажано за 10 септември кога ќе биде вкрстено испрашуван од одбраната