Фетаи го искара Груевски затоа што доцнеше на денешното рочиште

by fokus

Специјалната јавна обвинителка му ги изброи минутите од задоцнувањето на обвинетиот, Никола Груевски, на денешното рочиште во судот. Како што рече обвинителката, Груевски се појавил во судот 19 минути и 35 секунди подоцна, а не се ни извинил, со што, рече, покажал непочитување кон судот.

„Сакам да укажам дека СЈО секогаш ги почитува правата на обвинетите во која било постапка, а на ова рочиште обвинетиот Даниел Трифуновски доцнеше 17 минути, а обвинетиот Никола Груевски 19 минути и 35 секунди. Тие влегоа и дури не се ни извинија. Тоа за нас значи дека немаат елементарна почит кон судот. Бараме доколку кој било од обвинетите на наредните рочоишта задоцни, соодветно да биде казнет“, рече Фетаи.

Груевски влезе во судот откако на своите места веќе беа седнати останатите обвинети и обвинителите од СЈО. Фетаи побара од судот да преземе мерки доколку обвинетите повторно задоцнат на рочиште.

„Барам обвинетите да го почитуваат судот и обвинетите и за следното рочиште, доколку кој било задоцни, да бидат преземени сите процесни мерки. Судењата се познати однапред“, рече обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.

Поврзани новости