Фетаи ги сподели своите ставови на јавната расправа за новиот закон за обвинителство

by fokus

Обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на јавната расправа за законот за јавното обвинителство побара обвинителите за организиран криминал и корупција да можат да постапуваат и пред Апелациски суд, а не тоа да го прави виш јавен обвинител, и да се заострат критериумите за избор на шеф и обвинители на ова јавно обвинителство.

– Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција треба да постапува освен пред Oсновниот и пред Апелациониот суд Скопје и со тоа да му биде променет називот во Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, рече Фетаи.

Со постапување на виш обвинител, посочи, се одолговлекува постапката, можноста за влијание врз тие постапки значително е зголемена, а кратките рокови не дозволуваат тој обвинител да изгради правно издржан став и тоа да го каже пред Апелациониот суд.

Во однос на изборот на шеф и на обвинители, Фетаи смета дека треба да биде вклучена и мониторирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, како и да има право да даде мислење за тие кандидати. Таа побара исто така јавноста да биде максимално вклучена, како што пред неа кажа Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл.

Поврзани новости