Фетаи: Борбата за правда продолжува

by fokus 10:18
10:18

„Борбата за правда продолжува“ кажа кусо обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во Кривичниот суд каде претпладнево треба да се одржи ново рочиште за предметот Монструм, што го водеше СЈО.

Фетаи, заедно со нејзиниот колега од СЈО, а сега од ОЈО Гаврил Бубевски, беа овластени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и натаму да го застапуваат овој предмет.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и дека на следното ќе се слушаат разговорите од „бомбите“.

Поврзани новости