674
Легендарниот фудбалски стручњак, сер Алекс Фергусон би можел да се врати во Манчестер јунајтед.
Британските медиуми пренесуваат дека славниот менаџер е подготвен да прифати враќање на „Олд трафорд“, како би им помогнал на „ѓаволите“ да се стабилизираат.
Имено, тој би требало да биде советник на новиот менаџер Оле Гунар Солскјер, а информациите пренесуваат дека Фергусон бил главниот виновник за поставувањето на Солскјер на тренерското столче на „ѓаволите“.
Фергусон повлекол „конци“, во клубот да се врати и Мајк Филан, негов некогашен асистент, кој моментално е „број два“ во стручниот штаб на Солскјер.