Феноменот на бугарскиот шоумен Слави Трифонов

by Fokus

Во недела во Бугарија се одржаа четвртите по ред предвремени парламентарни избори за само година и половина, во кои победата ја однесе централно-десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но партијата не успеа да го освои потребното мнозинство за формирање владина коалиција.

Но, тоа што е излезе како феномен за оваа цела година на предвремени избори  е како партијата „Има таков народ“ предводена од бугарскиот шоумен и музичар Слави Трифонов од победник на првите избори, веќе на секои наредни ја губеше поддршката на народот.

Лани, неговата антиелитистичка партија  освои 23,91 проценти од гласовите и победи на изборите, а со 23,69 проценти од гласовите второто место ѝ припадна на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Борисов.

ИТН се појави како главна политичка сила на претходните парламентарни избори во април, но во отсуство на согласност меѓу главните протагонисти, Бугарите мораа повторно да гласаат.

„Нема да влеземе во коалиција со ниту една партија“, рече Трифонов на својот ТВ-канал веднаш по победата.

Тој ја истакна својата желба да ѝ се спротивстави на практиката на власт што ја опиша како „неморална и недостојна“.

Сепак, не успеа да формира влада, па така постепено почнаа да се губат гласовите и поддршката од народот.

КАКО ТРИФОНОВ ЈА ИЗГУБИ ПОДДРШКАТА ОД НАРОДОТ?

Веќе на наредните избори, во декември, влада успеа да формира партијата „Продолжуваме со промената“ под водство на Кирил Петков, која не успеа да ја додржи власта, па само по шест месеци беше изгласана нејзина недоверба.

Тоа беше предвидлив крај на долго тлеечкиот спор во четиричлената коалиција, која вклучуваше две либерални партии „Продолжуваме со промени“ (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ), како и популистичката партија „Има таков народ“ (ИТН) и номинално социјалдемократската, но фактички десничарско националистичките социјалисти (БСП).

Нови предвремени избори станаа неопходни по уривањето на либералната реформска влада на чело со премиерот Петков, па така во неделата, на 2 октомври се одржаа четврти по ред избори за само година и половина.

Тоа што беше карактеристично за овие избори е што партијата на Трифонов, од најсилна и со најмногу гласови пред само една година сега се најде во последните три места со  само 3,8 проценти  од гласовите и е под прагот да влезе во Парламентот.

И.М.

 

 

 

 

 

И повторените парламентарни избори во Бугарија денеска не успеаја да донесат јасен победник, според излезните анкети. Партијата на водителот Слави Трифонов Има таков народ (ИТН) овојпат има мала предност пред ГЕРБ на долгогодишниот премиер Бојко Борисов, која победи минимално на изборите во април, по кои никој не успеа да формира влада.

Според излезната анкета на „Брима Галуп“, ИТН има 23,2 отсто од гласовите, додека ГЕРБ има 23 отсто. Според „Алфа рисрч“, ИТН има 24 отсто, а ГЕРБ 23,5 отсто.

Третопласирана засега е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 13,1 отсто, а во парламентот ќе влезат уште Демократска Бугарија со 12,8 отсто, ДПС со 11,3 отсто и Исправи се, мафијата надвор со 5 отсто. ВМРО-БНД на Красимир Каракачaнов со 3,3 отсто не го надмина прагот за влез во парламентот.

Ваквиот исход од изборите значи дека повторно ќе оди тешко формирање влада. На партиите на протестот, како што ги нарекуваат ИТН, Демократска Бугарија и Исправи се, ќе им недостасуваат 5-10 пратенички места за да формираат влада. Од друга страна, речиси е невозможна коалиција на ГЕРБ и БСП.

Поврзани новости