Фекалии излеани на плажи во Црна Гора, десетици хоспитализирани

by Fokus

Десетици заболени од кои повеќето деца, со стомачни инфекции деновиве ги полнат болниците во делови од Црна Гора. Само во последниве десетина дена поради инфекции од ротавируси заболеле 38 лица, од кои дури 36 се деца на возраст до четири години. Како што пренесуваат црногорските медиуми, најголем број од заразените се од Подгорица, Цетиње и Будва.

Институтот за јавно здравје од Црна Гора информираше дека заразите се поради високите температури, кои се погодни за развој на микроорганизмите, но локалните портали пренесуваат дека кон инфекциите придонесува и дефект на колекторско-канализацискиот  систем на потегот Бечиќи – Рафајловиќи.

Руските епидемиолози ги предупредија своите граѓани дека водата во Црна Гора е легло на зарази и оти треба да се внимава и со водата за пиење. Тие објаснуваат дека канализацискиот систем во земјата е застарен и оти е доволен само за локалните жителни, но недоволен за поголем број луѓе, како што има во летните месеци.

 

Поврзани новости