441
Еден од обвинетите во случајот Монструм, Фејзи Азири е вратен во затворот во Штип. Со полициско обезбедување тој бил спроведен околу 13.30 часот.
Како што соопштиле од Судот, Кривичниот совет ја одбил жалбата на Фејзи Азири откако се жалеше кај судијата за извршување санкции кој не прифати да му го продолжи прекинот на издржување на казна затвор.
Стартот на судењето за случајот „Монструм“ , се одложи поради отсуство на Азири кој се наоѓа на Клиниката за пулмологија.