Фејсбук ја избриша страната „Предавници – Traitors“, по што иселениците формираа нова

by fokus

Неколку минути откако Фејсбук ја избриша страната „Предавници – Traitors“ на која група иселеници објавуваа видеа и фотографии од Македонци во Мелбурн кои излегоа на гласачко место за да гласаат на референдумот, истите формираа нова со што жигосувањето продолжува.

На социјалната мрежа фејсбук беа администрирани две такви страни, но и двете беа отстранети откако повеќе корисници реагираа и повикуваа страните да бидат пријавени поради нивната дискриминаторска содржина.

Видеата кои се објавува на овие две страни, а сега се објавуваат на третата, имаат за цел да ги жигосаат како предавници Македонците кои излегоа да го искористат своето право на глас.

Поврзани новости