Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер повторно излезе на теренот, но овојпат на клиника за млади тениски надежи пред почетокот на Лејвер купот.
Лејвер купот ќе се одржи од 22 до 24 септември во Ванкувер, а Федерер пред публиката го демонстрираше својот препознатлив бекхенд.
„Веројатно најчистото парче што го видел тенисот“, беше само еден од коментарите на овој потег на 42-годишниот Федерер.
Федерер минатата година официјално ја заврши кариерата, а последен меч беше на Лејвер купот во Лондон, во двојки со Рафаел Надал, кој заврши со пораз.
Освојувач е на 20 Грен слем титули, вкупно 105 титули и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот.
You don’t often see Roger Federer hitting anymore but he did hit during a junior clinic ahead of the Laver Cupbin Vancouver…Still as smooth as ever #ATP pic.twitter.com/M04oS40oK2
— John Horn (@SportsHorn) September 21, 2023