Со СДСМ минималната плата е зголемена на 20.175 денари, со што година и половина порано се реазлизира ветувањето дадено пред граѓаните и работниците на изборите во 2020 година. Неспоредлива е минимална плата од 8.800, со плата од 20.175 денари, велат од владеачката партија правејќи споредба со минималната плата во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ тврдат дека „ВМРО-ДПМНЕ упорно ја држеше минималната плата замрзната на ниво под секое достоинство, а потоа остро се противеше на растот на минималната плата“.
-За разлика од Белата палата, СДСМ во изминатите шест години континуирано ја зголемува минималната плата и тоа од 8.800 на 12.000 денари, па на 15.200, на 18.000 и сега на 20.175 денари. СДСМ се грижи за работниците, го цени и вреднува нивниот труд, ВМРО-ДПМНЕ останува партија које е против работниците, порачуваат од партијата на власт.
Владата пред два дена најави дека минималната плата во Северна Македонија ќе биде повисока за 2.175 денари. Според премиерот Димитар Ковачевски, исполнето е ветувањето за зголемување на минималната плата од април минатата година.
-Ова е зголемување од над 12 отсто на основната минимална плата. Ќе се усогласат платите на 27.000 работници во администрацијата, како и во другите сектори чии закони се усогласени со законот за минимална плата, рече Ковачевски.