Линдзи Лохан е бремена

by Fokus

Актерката Линдзи Лохан објави дека е бремена и ги израдува сите свои фанови.

„Многу сме возбудени поради новиот член на нашето семејство кој е на пат и чекориме во ново поглавје во нашите животи“, изјави 36-годишната актерка за Daily Mail.

За неа и нејзиниот сопруг Бајдер Шамас ова ќе биде прво дете, а тие не ја кријат возбудата.

Многу нејзини обожаватели коментираат дека се многу среќни за неа, и дека е очигледно дека лошиот период на дрога, алкохол и забави е зад неа и дека некогашната „дива девојка од Холивуд“ е подготвена да се посвети на семејството.

Поврзани новости