Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, ги негира обвинувањата за злоупотреба на службената должност. Според него, јавното обвинување синоќа од Финансиската полиција е од времето и мандатот кога со овој ресор управуваше некој друг. Во мое време, пред една година, овој случај е затворен.
„Наредив, на вработените и обвинетите во случајот, да ги вратат средствата, и тие се вратени. Објавувањето на овој случај, токму во овие моменти и тенденциите по секоја цена да се оцрни моето име и личност, од Финансиската полиција, се на погрешна адреса. Апелирам до сите релевантни институции во државава и до финансиската полиција, сериозно да се позанимаваат со истрага, расчистување и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да биде поштедена ниту една индивидуа или група на организиран криминал“, изјави за ТВ 21 Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа.