Заев за бегството на Груевски: Цената на демократијата е дека секој граѓанин е слободен додека нема судска наредба за одземање на слободата

by fokus

Премиерот Зоран Заев во изјава за „Фокус“ од вечерашиот концерт во АРМ го коментираше појавувањето на фотогорафиите од Никола Груевски кој се шета низ Будимпешта.

-Цената на демократијата е дека секој граѓанин е слободен додека нема судска наредба за одземање на слободата. Веројатно тоа е слабоста на системот. Верувам истрагата ќе ги каже сите аспекти. Ние нема да се откажеме од екстрадиција, сите аргументи се на наша страна, дури и унгарското законодавство. Но, внимавам да не ги нарушам односите со Унагрија и затоа сум внимателен со коментарите. Бараме од ЕУ да ни докажат на нас канидатите дека владеењето на правото е императив, изјави Заев за „Фокус“.

Поврзани новости