475
Беким Фазлиу, пратеник од ДПА, ја повикаа равалската ДУИ, доколку има таква моќ, да го смени министерот за внатрешни работи Митко Чавков, што е дел од договорот од Пржино.
– Зошто не го разрешите Чавков ако веќе сте ги смениле Јанкулоска и Мијалков, како што се фалите? Вие не може да ги смените Муса и Абдулаќим, кои се поголеми вмровци од оние во ВМРО, не па Чавков – рече Фазлиу.
Инаку, опозициските „бомби“ покажаа дека Муса Џафери и Абдулаќим Адеми одлично соработуваат и се кординираат со ВМРО-ДПМНЕ, што стана јасно од нивните разговори со екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.