Фатмир Лимани се приклучи кон Движењето Беса

by Fokus

Поранешниот заменик-директор на ЕСМ, Фатмир Лимани, денеска се приклучи кон партијата Беса заедно со својата политичка структура.

Биљал Касами, претседател на Движењето Беса на денешната прес-конференција на која го официјализираше приклучувањето на Фатмир Лимани кон Движењето Беса, истакна дека партијата отвора голема врата за сите оние кои сакаат да направат промена.

– За нас е чест и почит што еден национален деец како Фатмир Лимани да стане дел од Движењето Беса. Движењето Беса е во историски момент и нашата кауза која ја градиме денеска заедно со Фатмир  Лимани, но и со многу други личности кои се очекува да ни се придружат до Конгресот, се важен сигнал дека Движењето Беса ја отвора големата врата за сите од нив кои сакаат да направат промена. Битката за праведна и рамноправна држава, за држава со нулта толеранција на криминалот и корупцијата и долгорочна стратегија за економско закрепнување што ќе ја осигури иднината на младите овде во државата, ќе бидат главни столбови на кои ќе се залага политиката на Движењето Беса, рече Касами.

Поврзани новости