– На денешниот состанок на Кичевскиот огранок на Демократската Унија за Интеграција, со поддршка на сите 35 локални совети и другите локални партиски форуми, со присуство на претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, се разговараше за локалните избори на 15ти октомври. По конструктивните и продуктивни дискусии, во победнички и обединувачки дух, едногласно се одлучи дека сите партиски и општествени структури во Општина Кичево заеднички ќе ја поддржат кандидатурата на актуелниот градоначалник, Фатмир Дехари – се наведува во партиското соопштение на „интегративците“.
Истовремено, од ДУИ одлучиле носител на листата за општинскиот совет да биде Аќиф Медиу, шеф на изборниот општински штаб, Адем Карага, додека портпарол на кампањата, Фатмир Лимани.
Според нашите информации, ДУИ сигурно ќе оди со Невзат Бејта во Гостивар, додека и како што веќе објавивме, неизвесно е дали ќе настапи пак со Теута Арифи во Тетово.