696
Исчезнатиот лав Симба кој на 21 јануари излегол од домот на странски државјанин кој живеел во Будва, дури денеска бил фатен и ставен на безбедно.
– Лавот е фатен и најважно е што е жив! Сакаме да им се заблагодариме на пожарникарите од Будва кои беа со нас на терен и го фатија лавот, како и на другите кои помогнаа и учествуваа во акцијата завршена на најдобар можен начин – соопштија претходно денеска од Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора.