Фатени петмина турски државјани со фалсификувани пасоши од Косово

by fokus

Граничната полиција на аеродромот „Александар Велики“ фатила петмина турски државјани со фалсификувани пасоши кои сакале да излезат од Македонија. При пасошка контрола констатирано било дека патните исправи, како и турските штембили биле фалсификувани.

„По извршени разговори со лицата, истите изјавиле дека патните исправи ги купиле по 2.000 евра за секоја, од непознато лице од Косово. Лицата се лишени одслобода и се предадени на   инспектори од Регионален Центар-Север-Скопје за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Поврзани новости