Фатени крадци кај езерото Младост кај Велес

by fokus

СВР Велес вчеравечер во 03.30 чaсотна регионалниот пат Велес-Езеро „Младост“, при контрола на возило „шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот  Ќ.С. од село Арачиново и сопатникот 34-годишниот  Љ.С. од село Гошинце, општина Липково, полициските службеници пронашле предмети кои потекнуваат од кривично дело – кражба.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости