ДУИ ќе агитира за Пендаровски од врата на врата

by fokus

Демократската унија за интеграција ќе учествува активно во изборната кампања за претседателските избори, но и за изборите за градоначалник на Дебар, каде имаат свој кандидат. Од ДУИ денеска информираа дека освен централниот штаб во Скопје, ќе бидат отворени уште над триесет општински штабови на ДУИ низ државата.

-Мобилизирани сме сите, вклучувајќи го и раководството на партијата. ДУИ од денес има свој партиски претставник во сите нивоа, илјадници активисти. Во секое населено место ќе ја проследиме нашата определба. ДУИ е определна за концептот за НАТО, за ЕУ, за заедничкиот консензуален претседател, а не евроскептицизам е скептицизам кон НАРО – рече Арбер Адеми од ДУИ.

Тој додаде дека активностите на ДУИ ќе вклучуваат директни средби со граѓаните од куќа до куќа.

-Само така ќе се истакне дека патот кон НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре – рече Адеми.

ДУИ денеска ги отвора општинските изборни штабови во Сарај, Бутел и Студеничани. Изборната кампања официјално ја започнува од Дебар, а таму и ќе ја заврши.

Поврзани новости