Фатен затвореникот кој утринава им избега на полицајците додека му купуваа сендвичи

by fokus

Полицијата го пронајде затвореникот кој денеска успеа да им побегне на полицајците кои го транспортирале на преглед, потврди МВР.

Тој е пронајден околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково.

Како што соопшти денеска за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, тој успеал да побегне од задната врата на возилото со кое полицијата го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“.

Полицајците, според директорот, ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и трето, како што вели, најверојатно му купувале и нему сендвич.

Поврзани новости