Фатен скопјанец баран со потерница

by Fokus

Во скопската населба Триангла вчера во 18:20 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага го привеле Г.К. (25) од Скопје.

По скопјанецот, соопштија денеска од МВР, била распишана потерница во врска со чл.236 ст.1 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од две години.

Како што посочуваат од МВР, лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа.

Поврзани новости