493
Во хируршкото одделение во ЈЗУ Општа болница Кавадарци вчера била извршена кражба. Дрскиот крадец украл околу 30 ампули со лекарства од фрижидерот, а потрпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски вели дека настанот се случил среде бел ден, околу 13 часот.
-Лицето М.Ј. (24) било фатено за кратко време од страна на полициските служби и кај него биле пронајдени украдените ампули. Истите биле вратени назад, во хируршкото одделение – потврди Додевски.
Тој додава дека се уште нема информација дали крадецот бил вработен во болницата, ниту пак за какви лекарства станува збор.