Фатен е еден од од тројцата маскирани разбојници кои на трети ноември годинава ја ограбија Халк Банка во Бутел во утринските часови. 29-годишниот Е.М. од Скопје е предаден на Основното јавно обвинителство во Скопје со кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.
Освен Е.М. полицијата товари уште две лица. Според документираните сознанија од истрагата, тројцата осомничени околу 09,25 часот на трети ноември на ул.“Александар Урдаревски“ во Бутел во експозитура на Халк Банка извршиле разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден од клиент, при што одзел околу 1.200.000 денари, или 19.512 евра. Од банката биле одземени 1.150.000 денари, додека 50.000 денари одзеле од клиент кој во тоа време се затекнал на местото.
Според информации од полицијата вооружениот грабеж се случил среде бел ден кога тројцата осомничени ставиле фантомки на главите откако и се приближиле на банката. Потоа влегле внатре, а Е.М. и неговиот сочуесник извадиле пиштоли и ги впериле кон вработените заканувајќи им се со животот.
По ова, велат од МВР, од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир преземени се сеопфатени оперативни мерки и активности, при што Е.М. е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Гази Баба.