ФАШИСТИЧКОТО МИНАТО НА БУГАРИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИКАЖЕ КАКО ЕВРОПСКА ДОБЛЕСТ

Кој пат ќе го фатиме

by Fokus

Во Европа ќе мора да се совлада овој испад на бугарската влада. Бугарската влада и со својата сегашна политика врши напад врз основните евроатлантски вредности. И тоа не може да не ги постави на тапет вкупните внатрешни односи во ЕУ, па и во НАТО

 

Стојан АНДОВ

Ќе се осврнам на неколку особено значајни прашања во односите со Бугарија.Првое прашањето на т.н. „македонски сталинизам“. Такво нешто во Македонија, ниту постоело, ниту постои.

Со сталинизмот, Југославија расчисти во 1948 година, кога Тито му рече НЕ на Сталин. Наскоро по објавувањето на делата на Цола Драгојчева(висок комунистички раководител што често се жртвувала за целите што ги поставила бугарската комунистичка партија),тогашната југословенска влада, преку министерот за надворешни работи Милош Миниќ, изготви аргументирани одговори и ги изнесе како сериозни и добронамерни предлози запoдобрување на односите со Бугарија и расчистување и на прашањата што ги споменува Драгоjчева.

ЛАГИТЕ НА ДРАГОЈЧЕВА

Во донесувањето на тие одлуки на југословенскатавлада, лично учествував како член на таа влада, и тоа во период од 12 години. Истомисленицитена Борисов од сегашната бугарска влада нека ги видат тие одговори за да сфататколку добронамерно Југославија се однесувала кон Бугарија, а колку дрско лажеше Драгојчева, за да им стане јасно оти целосно е погрешна нивната оценка дека Југославија ја одвојувала Македонија од Бугарија.

Напротив, ставовите и интересите на Македонија секогаш стануваа и став на југословенската влада, а во овој случај сум учествувал и лично. За каков сталинизам зборуваат што во Македонија требало да го исчистиме?На сталинизмот му го скршивме вратотво 1948 година, потоа,Југославија, заедно со Грција и Турција,го направија Анкарскиот пакт за да се одбранат од агресивните сталинистички соседи: Унгарија, Романија и Бугарија.

Токму тогашниот бугарски став, како одраз на доктрината на Брежњев,создаваше реална опасност од воена интервенција од Варшавскиот пакт на Југославија, кога Тито падна болен.

Тогаш ми беше доделена задача, во име на врвното раководство на Југославија, да појдам во Рим и да се сретнамсо италијанскиот премиер Франческо Косига, од кого дознав дека ако биде нападната Југославија, од Варшавскиот пакт ќе ја заштитат силите на НАТО. Така стои работата со сталинизмот и живковизмот во Бугарија, кој и денес царува и измислениот,од бугарската раководна гарнитура, сталинизам во Македонија.

Прашањето за македонскиот јазик е во надлежност само на нашиот народ и на нашата држава. И треба сосема јасно да ѝ дадеме на знаење наБугарија таа да се грижи за бугарскиот, а ние ќе се грижиме за македонскиот јазик.

Зaедничка основа најужнословенските јазици е старословенскиот јазик,којБугарите го именуваат старобугарски,Србите црковнословенски, а ние Македонците старословенски јазик, што е прифатено и во најголем дел од стручната јавност од областа на славистиката, како што беше случајот и во, Полска, некогашна Чехословачка и Советскиот Сојуз.

КОДИФИЦИРАЊЕ НА ЈАЗИЦИТЕ

Кодифицирањето на современите јужнословенски јазици се одвиваше постепено и со различно темпо, а имаше и различен почеток.

Прв таков успешен обид е направен со српскиот јазик од Вук Караџиќ. Иако тој својата работа на јазикот ја извршил уште во периодот од 1818 до 1824 година,кодифицирањето на јазикот е извршено во Кнежевството Србија,дури во 1847 година.

Бугарскиот јазик тој пат подоцна го почна и подоцна го заврши. Важна е улогата на МаринДринов, Бугарин, руски студент и воспитаник на царскиот двор на Романови. Тој ја модернизира бугарската азбука, сведувајќи ја на 32 букви,што било прифатено во 1878-1879  година.Но, тогаш Бугарија беше држава во формирање.

Државното уредување набугарскиот јазик почнало дури во 1899 година, кога министерот за едукацијаИванчов ја официјализирал азбуката.Подоцна следуваОмарчевскиот правопис, познат како правопис на БЗНС (Бугарски земјоделски народен сојуз) или земјоделски правопис, воведен со правописната реформа на владата на БЗНС пред 1921 годиназа време на министерот Стојан Омарчевски.

Тој правопис останува во сила до 1923 година, кога е извршен државен удар и е урната владата на БЗНС, а премиерот Александар Стамболиски е измачуван и убиен. Според тоа, бугарската азбука има и крвави етапи. Потоа е одново востановен, со некоипоправки, Иванчовиот правопис од 1899година.

Последнатаправописна реформа е од 1945 година, која е сѐ уште  во сила, и со која сегашната бугарска азбука има 30 букви. Тогаш биле исфрлени буквите Ѣ и Ѫ(јат и јус). Современата бугарска азбука води потекло од руската граѓанска азбука.

Клучен момент во развојот на македонскиот јазик, во неговото нормирање,се решенијатана Крсте Петков Мисирков во 1903 година,кога востудија „За македонцките работи“ ја изложува македонската граматика и азбука.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ФУНКЦИОНАЛЕН

Дефинитивната кодификација на македонскиот јазик е извршенаво 1944 година,на Првото заседание на АСНОМ, а подоцна со работата на јазичната комисија е утврдена азбуката, по што следува играматиката наБлаже Конески.Од тогаш македонскиот јазик се покажа многу функционален, не доживеа промени, добивајќија дефинитивната форма.

Македонскиoт јазик беше еден од трите службенијазици во повоена Југославија. Тој е меѓународно признат, се употребува во ОН и се изучува на многу универзитети во светот.

Од бугарска страна, најмногу забелешки на македонскиот јазик има на фактот што тој презел неколку букви од српскиот јазик, како што се:Ѓ, Џ иЊ. Но, тие букви одговараат и на соодветни гласови на македонскиот јазик, кои ги нема во бугарскатакирилица.

Македонскиот јазик и неговата азбука се природносоздадени од македонскиот народ и на никого друг не му долгуваат. Меѓутоа, не го изгубил карактерот на јужнословенски,самостоен јазик. Македонскиот делумно бил под влијание на српскиот јазик, а бугарскиот се потпрел на рускиот како поразвиен јазик. Бугарија до договорот, потпишан во 2018 година, го признаваше македонскиот јазик и не го услови со ништо.

Дотогаш во Бугарија се објавени повеќе стотици романи, раскази, драми и други литературни творби преведени од македонски јазик, и никому во Бугарија тоа не му пречеше.

Разликата во динамиката на создавањето на двата јазика е само една година-за бугарскиот дефинитивно завршува во 1945 година,а замакедонскиотво 1946 година.

ОДНОСОТ КОН МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО

За јазикот треба да се одбие секоја иницијатива за разговор од бугарска страна.Македонската страна треба дапредложи, на бугарската страна во договорот за добрососедски односи и соработка да се избрише сегашната одредба „јазик споредУставот…“ и да се воведе формулацијата македонски јазики бугарски јазик. Тоа треба да биде единствената промена вотекстот на договорот.

Прашање за кое треба да води сметка државното раководство на РС Македонија е инашиот однос кон македонското малцинството во Бугарија. Бугарија бара македонскотораководство да изјави дека нема македонско малцинство во Бугарија. Македонскотораководство треба да го одбие тоа барање.

Македонското малцинство во Бугарија постои.Тој факт го утврди Европскиот суд за човекови права, затоа ниту ние имаме потреба, ниту има основа за некое наше мешање во тоа прашање. Бугарија нека бара што има да бара по тоа прашање, не од нас, туку од европскиот суд,европскиот парламент и од европските институции, кои го кажаа своето.

Многу битна е историјата, особено поновата. РС Македонија не може да отстапи од својот став дека за време наВтората светска војна нејзината територија и население беа окупирани од бугарската фашистичка војска и од бугарскиот фашистички административен апарат.

Упорното инсистирање на владата на Борисов на своите небулози и нивнотоодбивање од наша страна,што го искористи Бугарија за да стави вето во преговорите на РС Македонија и ЕУ за наше полноправно членство, предизвика незадоволство кај сите членки на ЕУ.

Македонската страна е иритирана од тоа што Бугарија како национален празник го слави трети март, денот на потпишувањето на Сан-стефанскиот договор. Тој договор не го потпишала Бугарија и нема зошто да го слави, а прогласен е за ништовен на Берлинскиот конгрес.

Во РС Македонија се доживува како провокација таа бугарска прослава на трети март бидејќи Бугарија, повикувајќи се на некое право од тој ништовен договор, предизвика три војни со своите соседи и сите ги загуби. Ама нанесе огромни штети, особено на македонскиот народ.Но,и на Србија и на Грција. Треба да се одбие барањето на Бугарија,ние да не го славиме 11 Октомври како национален празник, еден од нашите најважни празници заедно со Илинден.

Во Европа ќе мора да се совлада овој испад на бугарската влада. Бугарската влада и со својата сегашна политика врши напад врз основните евроатлантски вредности. И тоа не може да не ги постави на тапет вкупните внатрешни односи во ЕУ, па и во НАТО.

Евроатлантските сојузници веќему порачаа на државното раководство на Бугарија дека не може и натаму да седи на две столчиња. И дека за тоа, и бугарското раководство, и Бугарија ќе мора да понесатодговорност. Не еможно понатаму да се толерира однесувањето што го врши бугарската влада,кога настојува фашистичкото минато на Бугарија да го прикаже како европска доблест и како обврска на ЕУ.

Поврзани новости