516
Над 30 илјади гласачи кои беа избришани за предвремените парламентарни избори на 11 декември, ќе бидат вратени во Избирачкиот список за локалните избори.
Спорни беа гласачите коишто и по вкрстените и теренските проверки не можеа да се пронајдат дека постојат и такви имаше 30.447. ДИК неколку месеци вршеше проверка на спорните записи, а откако на јавните повици се одзваа само десетина илјади граѓаи, другите останаа како „фантомски”
Сега и тие ќе бидат дел од Избирачкиот список, бидејќи партиите се договориле, а Собранието изгласало, дека бришењето на спорните гласачи да важи само за изборите во декември 2016-та.