967
Фани Каранфилова-Пановска е избрана за нов извршен директор на фондацијата „Отворено општество – Македонија“ на местото на досегашниот директор Владимир Милчин, пишува Утрински весник.
Според весникот, долгогодишната внатрешна членка на фондацијата ќе го замени режисерот и професор, кој по 23 години раководење, го напушта кормилото на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа.