ЛП: Груевски не сака договор, Заев да ја објави „бомбата“ за Монструм“

by Фокус

Според Либералната партија, епилогот од Брисел уште еднаш покажал дека премиерот Никола Груевски не сака договор. Ви го пренесуваме интегрално целото соопштение на ЛП.

Конкретно, се потврди дека Груевски не помислува да си оди од Владата која е извор на кризата. Затоа, ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА го поддржува вчерашниот пристап на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на преговорите во Брисел. Оттука, според партијата јасно било дека решението за преодната влада треба да се бара и надвор од сегашниот владин состав, особено вон постоечкиот состав во Владата од ВМРО-ДПМНЕ.

По Брисел, јасно е дека пред преодната влада претстојат огромни обврски за деконтаминација на системот за создавање минимум неопходни услови за фер и демократски избори. За ЛП јасно е дека преодната Влада треба да има мандат од 12 до 18 месеци од денот на нејзиниот избор.

Укажуваме дека расветлувањето на Кумановскиот случај е од значење не само за Македонија и македонското општество, туку и од регионално значење. Водејќи се од фактот што тековната криза е и политичка и институционална, а нејзин извор е Владата на Никола Груевски и лично премиерот, ЛП го охрабрува лидерот на СДСМ да ги објави и содржините со кои располага во однос на случајот „Монструм“ и други случаи што ги допираат меѓуетничките односи. Така ќе зајакне меѓусебната доверба меѓу граѓаните Македонци и Албанци и ќе зајакне кохезијата во општеството.

Поврзани новости