Еден административен работник во фабриката за автомобилски делови „Гентерм“ во Прилеп е позитивен на КОВИД 19, поради што од понеделник оваа компанија со околу 1900 рабоници ќе биде времено затворена, соопштија од Општина Прилеп. Работникот бил во близок контакт со лице позитивно на коронавирус, јавува Телма.
Во понеделникот беше затворена и една прилепска фабрика за конфекција со околу 200 вработени затоа што заразена од вирусот е текстилна работничка.
И Инфективното одделение во прилепската болница останува без лекар, откако еден инфектолог е меѓу новозабоените од КОВИД 19, а другиот е во самоизолација.
Доплнително ќе се утврдува како ќе функционира ова одделение и дали ќе се ангажира медицински персонал од другите одделнија во болницата. На Инфективното одделение во моментот има тројца пациенти заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.