Волонтери ќе доставуваат храна низ Куманово

by Frosina Fakova

Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на општина Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Општина Куманово, во деновите сабота и недела, соопшти техничкиот премиер, Оливер Спасовски по барањето на градоначалникот на Куманово да има маркети кои ќе испорачуваат храна за граѓаните на Куманово, за време на полицискиот час.

-За оваа цел, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните. Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на општина Куманово, да завршат со своите работни задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 часот до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на општина Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови, објави Спасовски на Фејсбук.

Поврзани новости