Американските знамиња во Иран се вистинска реткост. Ако се појават во јавност, тогаш се во негативен контекст. САД се познати како крвен непријател на Исламската Република Иран со децении.
Но, во една фабрика во Хомеин, на 300 километри од Техеран, сè е полно со знамиња на заколнатиот непријател.
Од почетокот на новата војна во Израел тие работат дење и ноќе. Побарувачката за американски знамиња е зголемена. Но, не за странскиот, туку за домашниот пазар, каде знамињата со ѕвезди и црвено-белите риги завршуваат на антиамерикански протести, газени и запалени.
Најголем промет со американски знамиња оствари фабриката за годишнината од исламската револуција. Но, војната во Израел го зголеми бројот на демонстрации, а со тоа и побарувачката.
Покрај американските знамиња, хит се и израелските знамиња со дополнителен натпис на персиски „Смрт за Израел“.
Директорот на фабриката Аболфаси Хандаџани (39) вели дека во странство се претерува со фотографиите од протестите и палењето знамиња.
„Изгледа многу подраматично отколку што е всушност“, вели претприемачот, посочувајќи дека неговата компанија произведува и други знамиња. Се разбира, знамиња на Иран, но и знамиња на Хезболах, пишува „Дојче Веле“.
Околу 120 вработени прават 3,5 милиони знамиња годишно.