Затворската полиција со комбе го донесе Јанакиески на судењето за “ТНТ”

by fokus

Со комбе на истражниот затвор “Скопје”, во присуство на затворска полиција пред малку во Кривичниот суд беше донесен екс министерот Миле Јанакиески.

Тој во судот беше внесен преку гаражата на судот.

Јанакиески веќе два дена е во притвор во затворот во “Шутка”, по барање на СЈО бидејќи имале информации дека се спрема за бегство.

Тој треба да присуствува на рочиштето за “ТНТ”, кое би требало да се одложи, бидејќи обвинетиот Никола Груевски е во бегство.

В.В.

Поврзани новости