Заев: 60% од инвестицијата на брат ми во зградата во Струмица се уште не е вратена

by fokus

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека нема ништо незаконско во тоа што неговиот брат Вице Заев е краен корисник на градежно државно земјиште во општина струмица, кое го добил додека Заев бил градоначалник.

Тој рече дека постапката била транспарентна и законска. Заев вњли дека и СДСМ и Општина Струмица ги демантираа наводите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Обвинувањата на Мицкоски зборуваат за сериозноста на ликот – рече тој.

На прашањето дека останува фактот дека Вице Заев го добил земјиштето, Заев рече дека парцелата прво била откупена од друго лице.

На прaшање колкав е профитот на Заеви од оваа зделка, премиерот рече онолку колку што чинела изградбата.

-60% од инвестираните пари не се вратени. Станува збор за купо продажба на земјиште и во овој бизнкс треба да поминат неколку години за инвестицијата да се исплати- рече тој.

М.В.

Поврзани новости