Пејачката која што на Австрија и ја однесе победата на Еврозија во 2014 година, Кончита Вурст, на социјалните мрежи објави дека е ХИВ позитивна.
Вурст се стекна со интернационално внимание по победата со песната “Rise Like a Phoenix” и остана запаметена како пејачката со брада. Имено, вистинското име на Кончита е Том, но кога настапува како Кончита, бара да се збори за неа во женски род.
Во објавата на социјалните мрежи, Вурст вели дека се решила јавно да раскаже за својата состојба, односно дека со години наназад е ХИВ позитивна, бидејќи нејзното поранешно момче и се заканувало и ја уценувало.
-На никого не му го давам правото да ми се заканува и да ме заплашува. Подобро е да кажам самата, отколку некој друг да го стори тоа. На моите фанови сакам да им кажам дека јас сум добро, имам медицински третман, и вирусот веќе и не може да се забележи, што значи дека не сум способна да го пренесам – информира Кончита.
Покрај останатото, вели дека долго време молчела најмногу поради своето семејство.
-Моето семејство знае се за состојбата и ме поддржува, но поради нив не сакав да излегувам во јавност. Не сакав да бидат во центарот на вниманието, поврзувани како некои чиј син, внук и брат е ХИВ позитивен – тврди Кончита.
Вики Клинчарова