Евровизија ќе се одржи во Обединетото Кралство

by Fokus

Евровизија 2023 ќе се одржи во Обединетото Кралство, потврдија Би-Би-Си и Европската радиодифузна унија, бидејќи победникот на годинашното издание на музичкиот настан, Украина не е во состојба да ја организира манифестацијата поради воената состојба.

Се уште не е одлучено кој британски град ќе биде домаќин на Евровизијата, а градоначлници на повеќе големи градови веќе изразиле желба да бидат домаќини на настанот. Во игра се Лондон, Белфаст, Брајтон, Кардиф, Манчестер, Единбург, Ливерпул и други. Годинава Обединетото Кралство беше второпласирано на Евровизија, а во минатото повеќе пати беше домаќин на Евровизија, и тоа во 1960, 1963, 1968, 1972, 1974, 1977, 1982 и 1998 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости