На еден ден пред одржување на Советот на министри на ЕУ и кога е се поизвесно дека Бугарија ќе стави вето за почеток на преговорите со Македонија, Центарот за европски стратегии Евротинк, Институтот за европска политика- ЕПИ и Институтот за демократија испратија отворено писмо до земјите членки на ЕУ.
Организациите ги повикаа земјите членки да го кренат својот глас и да се придржуваат до своите ЕУ вредности.
-Можната блокада згора на тоа, неодамнешните изјави на бугарски официјални претставници со кои се негира македонскиот идентитет, длабоко ги разочараа македонските граѓани. Наместо заедничка европска иднина, тие се соочуваат со ултиматуми кои немаат право да ги прифатат. Граѓаните на Северна Македонија се подготвени за пристапен процес заснован на заеднички вредности и стандарди на ЕУ, но не еден како инструмент за промена на нивниот идентитет. Подложноста кон бугарските барања, неоснована во законодавството и меѓународните стандарди, не само што ќе ја предаде Северна Македонија. Ова ќе го уништи кредибилитетот на ЕУ во меѓународните односи и како партнер на Западен Балкан, ќе ги дестабилизира надворешните граници на ЕУ, ќе го еутанизира целокупниот процес на проширување.
Северна Македонија ја докажа својата посветеност кон европските вредности. Сега е ред на ЕУ да застане на своите вредности и меѓународни норми. Во својата блокада на рамката за пристап на Северна Македонија, Бугарија еднострано го злоупотребува својствениот дисбаланс на моќта на процесот на пристапување. Бугарското еднострано и асиметрично толкување на „нашата“ заедничка регионална и македонската национална историја и отфрлањето на само постоењето на историските корени на македонската нација и нашиот македонски јазик, опасно ја намалува веродостојноста на ЕУ во однос на кандидатите. Одговорност на сите други земји-членки на ЕУ е да го штитат самиот процес, вредностите на ЕУ и нејзината способност за донесување одлуки.
Додека стоиме обединети во различностите, очекуваме ЕУ да застане покрај „Обединети во различностите“,
Крајно време е за повик, не ја изневерувајте ЕУ, застанете на правилната страна од историјата и зборувајте сега!, се вели во писмото.