ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Инсистираме на признавање на македонското малцинство во Бугарија

by fokus 18:37
18:37

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата попладнево одржаа состанок на кој биле донесени неколку заклучоци, меѓу кои и барање за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски исто така, ја повика Бугарија да не ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

- Advertisements -

Меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заклчучиле дека остануваат цврсто на уставната определба за антифашистичкиот карактер на Македонија.

По изјава на Мицкоски, тој и колегите од колицијата останаа пред владината зграда на протест со автомобили за да го искажат незадоволство од начинот на кој Владата го води процесот на преговори со Бугарија.

 

Поврзани новости