516
-За четири и пол месеци откако е во притвор новинарот Зоран Божиновски, кој штрајкува со глад, ослабел 20 килограми. Последниве денови не излегува надвор на редовна едночасовна прошетка бидејќи штеди енергија за да издржи повеќе. До сега се нема случено да има било каков обид за негово малтретирање од било кој вид. Се однесуваат со него со почит и внимаваат на неговата безбедност, пишува сестрата на Божиновски.
Новинарот смета дека неосновано се држи под притвор и преку неговиот адвокат порача дека е спремен да го заврши својот живот во затвор доколку не биде ослободен, јави 24 вести.
На претставници од Европската федерација за новинари се уште не им се дозволува да го посетат Божиновски. Од Кривичниот суд воопшто не одговориле на нивното барање. Во интервју за порталот НоваТВ, генералниот секретар Рикардо Гутиерез вели дека до сега федерацијата не се сретнала со случај каде новинар е обвинет за шпионажа и уцена.
Европската новинаска федерација го алармирала Советот на Европа за сомнителноста на случајот со Божиновски, по што Советот ќе побара објаснување од македонската влада.