Атанасов: Многу училишта се без греење и без транспорт

by fokus

На прагот сме на уште една зима во која многу училишта ќе останат без струја, без вода, без никакво греење и без средства за хигиена и тоа во време на владеењето на градоначалници кои ги интересира се, освен здравјето на децата. Училишната година започна со нерешен транспорт на учениците. Тоа се случува во повеќе градови, а децата во Тетово веќе неколку дена штрајкуваат за да се реши овој проблем, изјави Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование на СДСМ.

Дел од проблемот е секако недомаќинското работење на градоначалниците и лошото менаџирање со блок дотациите. Имаме податоци за неколку градови и училишта:

-ОУ„Глигор Прличев“ – Охрид, е веќе трета година со блокирана сметка и долг од 140 000 евра за нафта кон јавни претпријатија, и долг од 244 илјади евра кон други доверители.

ОУ„Јосип Броз Тито“ – Струга е со блокирана жиро-сметка, а нема финансии ниту за основни хигиенски средства.

СМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, е со блокирана сметка и долг од 500.000 евра.

Директорката е повикана на распит во СЈО како трето осомничена во случајот „Транспортер“.

ОУ„Гоце Делчев“ – Битола, е исто така со блокирана сметка и долг од 100 000 евра.

ОУ „Единство“ – Гостивар, е со блокирана жиро-сметка заради загубени судски спорови.

ОУ „Петре Поп Арсов“ – Богомила има долг од 40 000 евра кон еден превозник.

ОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, има долг од околу 480 000 евра кон превозниците.

Во ОУ „Никола Карев“ – Кочани училиштето е во долгови од над 90 000 евра.

Вкупниот долг на сите училишта во општината Кочани е околу 800 000 евра.

Почитувани граѓани, ова веќе ги поминува сите црвени линии. Не се работи за политика.

Се работи за НАШИТЕ ДЕЦА и НИВНИТЕ КОРУМПИРАНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ.

Новата Влада на СДСМ по 11 декември:

– ќе изврши ревизија на сите долгови на училиштата и како се тие направени,
– ќе бараме одговорност за недомаќинското работење и криминал, и секако,
– ќе ја преиспита методологијата за исплатата на блок дотациите, рече Атанасов.

Вести од истата категорија

Поврзани новости