695
Шефовите на влади и држави на членките на Европската унија ја потврдија одлуката за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
„Европските лидери постигнаа политички договор за почеток на преговори со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија. Ова е признание за значајните реформи направени од страна на двете земји кои покажаа силна политичка волја за продолжување на патот до ЕУ“, гласи објавата на твитер профило на хрватското претседателство со ЕУ.
Претходно, министрите за европски прашања на земјите од ЕУ одобрија почеток на преговорите за Скопје и Тирана.