Претседавачот на Алијансата на либерали и демократи за Европа од Парламентарното собрание, Жорди Ксукла, во писмо до лидерот на ЛДП, Горан Милевски, пишува дека со голема загриженост ја следи политичката криза во Македонија.
“Цврсто веруваме во недвосмислената потреба од изнаоѓање на демократско решение за долготрајната криза во Македонија. Сето ова треба да биде изведено во согласност со принципите на владеење на правото и човековите права, принципи кои се особено ценети од сите либерали. Сите сериозни обвинувања кои испливаа на површина мора да бидат истражени во целосна согласност со заложбите на кои Македонија е обврзана со самото пристапување во Советот на Европа. Независноста на правдата е врвен императив“, стои во писмото на претседавачот на АЛДЕ Ксукла.