Имаше недоследни истраги од страна на власта за нападите и вандализмот врз зградата на Општина Центар. На оваа реченица од Извештајот на Европската комисија се осврна денеска кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски.
– Се уште не се познати виновниците за демолирањето на општината и за доведување во опасност на животите на претставниците на медиумите, градоначалникот, советниците, вработените во општинската администрација и претставници на дипломатскиот кор кој дојдоа да видат што се случува во општината. Не е официјално кажано кој стои зад протестот, затоа што таканаречената невладина организација „Веритас“ вооошто не е регистрирана. И покрај тоа што вандализмот беше регистриран од камерите и фото апаратите, МВР и по година и пол не може да ги идентификува насилниците – велат од локалната власт во Центар.