563
Пратеници од Европскиот парламент, до крајот на овој месец, ќе дојдат во Македонија за да го набљудуваат случајот „Пуч“, по барање на македонскиот Јавен обвинител за испраќање на меѓународни набљудувачи. Ова денеска го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијаничич.
-Политичката обврска останува на партиите во Македонија да покажат одговорност и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на сегашниот ќорсокак и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и на сите нејзини граѓани, изјави Коцијанчич.
Европските пратеници ќе се обидат да ја смират ситуацијата и по пат на дијалог меѓу најголемите политички партии, Македонија да излезе од политичката криза во која се наоѓа.