Европски парламент: Нови избори е најлоша алтернатива за Македонија

by fokus

На Македонија и е потребна влада која ќе спроведе итни реформи од извештајот на Прибе и влада која нема да оди против работата на СЈО. Повторување на изборите е најнепосакувана алтернатива за Македонија и само ќе ја продолжи кризата.

Ова беше заклучокот од дебатата за Македонија која вечерва се одржа во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел. На дневен ред беше нацрт Резолуцијата за Македонија која ја изработи Словенецот Иво Вајгл.

Европратениците изјавија дека не е важно кој ќе формира влада, туку е важно идната влада да биде стабилна, да ја врати земјата на европскиот пат, преку почитување на Договорот од Пржино и да ги спроведе итните приоритетни реформи, со посебен акцент врз работата на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости