761
Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со Ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето.
Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респриратор.
Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја намалува за една третина смртноста кај пациентите во тешка здравствена состојба.
Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со Ковид-19. Лекот веќе со децении се користи за лекувања на разни воспаленија.