Казни за 384 возачи во Скопје – одземени биле мотори кои возеле пребрзо низ улиците

by fokus

Во текот на вчерашниот ден казнети биле 384 возачи во Скопје, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив, 21 лице возело без возачка дозвола, 138 возеле пребрзо, а 20 возила биле нерегистрирани и технички неисправни.

За брзо возење биле санцкионирани 20 мотоцикли, а одземени биле три мотоцикли и еден четирицикл, изречени биле 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила биле подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Поврзани новости