Европратениците им закажаа нова средба на ДПМНЕ и СДСМ во април

by Фокус

Исходот од денешната прва рунда преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел е нова средба кон средината на април, јавува НОВА ТВ од Брисел. По денешната прва средба под покровителство на тројцата европратеници  Вајгл, Кукан и Ховит било договорено ниту една од страните да не дава официјални изјави.

Во краткото соопштение од тројцата европски пратеници се вели дека „сите учесници се договориле дека разговорите ќе продолжат”. Точниот датум на следната средба не е утврден, но со оглед на Велигденските празници се очекува таа да се случи кон средината на април.

Утринава претставници на двете најголеми македонски политички партии на одвоени средби разговараа со тројцата европратеници и им ги соопштија своите ставови од кои не отстапуваат. СДСМ инсистира на преодна влада за да се отвори простор за политичка и правна разрешница на кризата, а ВМРО-ДПМНЕ бара судска разрешница на случајот „Пуч“ во сегашните услови.

 

Поврзани новости